Екипите на „ЕВН“ реагираа по вчерашниот дефект во трафостаницата „Запад 3“ во Битола, по што електричната енергија се враќа кај корисниците во градот.
– Се случил дефект на три изолатори во трафостаницата „Запад 3“ во Битола. Оштетените излолатори се заменети, по што кај корисниците се враќа струјата – велат од ЕВН.
Делови од Битола, како и околните села беа без електрична енергија додека траеше поправката на дефектот.