Мото-парада што традиционално во Кичево се одржува веќе седум години, во чест на големиот верски празник Перовден , патрон на кичевскиот црковен храм „Свети Петар и Павле“, поради пандемијата со ковид-19, годинава нема да се одржи. На традиционалната мото-парада редовно учествуваат над сто мотоциклисти од градот, кои своето дефиле го започнуваат од под јарболот со македонското знаме кај железничката станица и потоа во долга колона парадата ја продолжуваат по градските улици поздравени од многубројните граѓани затекнати на улица и, своето патешествие го завршуваат пред црковниот храм, каде палат свеќи се молат за здравје и, попладневната дружба ја завршуваат на заедничко вечерно кафе во едно кафуле во градот.
– Многу ни е жал што годинава од оправдани причини, ковид-19, мото-парадата нема да се одржи, но да се надеваме дека догодина ќе се нормализираат состојбите и петровденската мото–парада ќе продолжи да живее со осмото издание – вели Владо Личоски еден од зачетниците на мото-парадата.