Крушево

Општината Крушево набави камион за метење и чистење, таканаречен метларка, мулчер. Исто така набави и 21 контејнер преку проектот МСИП за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии, со заем од Светска банка. Опремата е веќе во Крушево и со оваа активност продолжува процесот на опремување и модернизација на јавното комунално претпријатие „Комуна“ – Крушево, како и исполнување на еден од предусловите за туристички развој, во која, секако, е поголема хигиена на градот. Инвестицијата изнесува близу пет милиони денари.

– Продолжуваме со инвестиции во „Комуна“ за подобра услуга кон граѓаните, почиста средина и за граѓаните и за туристите. Досега набавивме камион за отпад, нов трактор со плуг за снег, неколку стотини канти за отпад од „Пакомак“. Исто така организираме акции за чистење и подигање на свеста и со оваа последна активност навистина ја менуваме состојбата со комуналното претпријатие – вели градоначалникот Томе Христоски.