Во врска со реакцијата на ПСК Пелистер по одземањето на Копанки од
страна на локалната самоуправа, со реакција се јавија од општината Битола.

Во Соопштението се вели:

– Донесувањето на Решение за делумно поништување на претходно
донесеното решение со кое сопственоста на објектот Копанки е утврдена на
ПСК Пелистер, не претставува никаков обид за влијание и притисок. Напротив,
значи спроведување на законска процедура која произлегува од Законот за
постапување со бесправно изградени објекти. Решението е донесено по
целосна анализа од страна на стручните служби на Општина Битола на
процесот на легализација на домот Копанки.

Стручните служби заклучија дека Решението со кое е утврден
правосилниот статус на домот Копанки е делумно ништовен. Во водената
управна постапка е утврдено дека е прекршен Законот за постапување со
бесправни објекти, во делот на впишување на сопственост.
Целата постапка е водена во функција на интензивирање на обновата на
опожарениот дом, бидејќи досегашната динамика не дава сигурност за целосно
завршување на процесот. Целта на локалната самоуправа е со доенсување на
ова Решение и со конкретно испланиран буџет да се инвестира во
планинарскиот дом Копанки.

Токму моралната одговорност е една од причините за инвестиција во
објектот Копанки, кој што е во интерес на сите граѓани. Општина Битола ќе ги
почитува одлуките на органите и институциите во државата.
Копанки било и ќе биде на битолчани! – се вели во Соопштението на Општината
Битола.

М.М.