Во општина Битола возниот парк на автобусите се збогатува.
Деновиве пристигна третото, од предвидените четири минибуси на метан, како дел од заложбата на градоначалничката Наташа Петровска за создавање услови за почиста животна средина.
Претставникот на компанијата „Каргомакс“, Стеван Мишев ѝ ги предаде клучевите од возилото на градоначалничката Наташа Петровска, која притоа посочи дека овие возила, минибуси, кои се на еколошко гориво ќе бидат во функција на учениците и граѓаните на општина Битола.
– За првпат, општина Битола со сопствени средства набави нови четири еколошки минибуси на метан, со 16 и 19 патнички седишта, во вредност од 18.000.000 денари. Четвртото возило на метан е веќе завршено во процесот на прозиводство и се очекува да пристигне во општината за околу две недели – посочија претставниците од компанијата „Каргомакс“.
Исто така, градоначалничката Петровска го потпиша договорот за набавка на две електрични возила и електричен напојувач, во рамките на проектот „Интегриран систем за зелен транспорт”, кои треба да стигнат до крајот на ноември.
За превоз на лицата со потешкотии, општина Битола набави транспортно возило-минибус во вредност од 1,3 милиони денари. Со спроведените постапки, возниот парк на општина Битола се збогати со 7 нови возила.
M.M.