Секторот за внатрешни работи Битола викендот казни 38 учесници во сообраќајот кои возеле под дејство на алкохол.

По предходно изготвен план на Одделението за Полиција при СВР Битола, во времето од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на Прилеп спроведена засилена акциска контрола за алкохол, при што од исконтролирани 251 возила, алкотестирани се 184 возачи.

Kaj 38 од нив е утврдено присуство на алкохол, одземени се 34 возачки дозволи, издадени се 38 платни налози и утврдени останати 35 прекrшоци за управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, не носење возачка дозвола, возач почетник.

Во интерес на безбедноста на граѓаните, од СВР Битола апелираат за почитување на сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на управување на возило под дејство на алкохол, присподобување на брзината спрема условите, состојбата на патот, ограничувањата како и паркирање на места кои се определени за таа намена со цел нормално и непречено одвивање на сообраќајот.

Како досега така и понатаму СВР Битола ќе продолжи со превземање на засилени мерки и активности за поголема безбедност во сообраќајот.
Ка.М.