Во училиштето „Братство Миѓени“ од Тетово денес, 2 април беше одржана манифестацијата „Светски ден за подигнување на свеста за аутизм“. По тој повод во училиштето присуствуваа и гости од Република Албанија. Професорката Ањеза Дишница пред присутните одржа говор за аутизмот, кој беше збогатен со видео проекција на пораки од учениците со аутизам од ова училиште. На крај беше отворена ликовната изложба на детски творби, создадени на работилниците организирани во месец март.
-Во текот на месец март одржавме повеќе ликовни работилници во кои зедоа учество ученици од ова училиште опфатени со инклузија и кои твореа во различни техники, под раководство на нас, наставниците по ликовно образование и еден дефектолог. Цртежите кои ги сработивме при овие работилници, беа дел од ликовната изложба на детски творби што беше отворена денес на „Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот – истакна Лина Тренкоска, наставник по ликовно воспитување во ова основно училиште.
На денешното одбележување во ова училиште беа градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, советниците и директори на основните училишта од градот.
З.А.