Кавадарци
Со помош на грант од Kралството Норвешка, објектот на средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ стана енергетски ефикасен. Ова училиште е изградено во 1956 година, а со реализацијата на проектот за енергетска ефикасност сега не само што е обновено, туку училиштето доби објект со многу подобри услови за одржување на наставата, која ја посетуваат 250 ученици.
– Со извршените градежни работи, на училишната зграда се инсталирани 1.200 квадратни метри термоизолациска фасада и направена е и промена на азбестниот покрив со површина од 1.500 квадратни метри. Градежните работи се изведуваа во изминативе четири месеци. Обновеното училиште веќе го посети и норвешкиот амбасадорот Јерн Јелста – информираат од Општина Кавадарци.