За првпат од пуштањето во употреба пред четири децении, во Домот на културата во Македонски Брод целосно ќе бидат променети подните плочки. Нови подни плочки ќе добијат и површините каде што воопшто немаше од време на неговата изградба. Работите треба да финишираат до крајот на октомври, по што домот ќе блесне во ново руво.
– Од средината на септември интензивно се работи на промена на старите и дотраени подни плочки со нови подни плочки со модерен дизајн. Ќи бидат поставени околу 250 метри квадратни нови плочки, а средствата за нивно поставување се обезбедени од сопствена заштеда на домот, Општина Македоски Брод и дел од Министерството за култура.
Со овој зафат ќе бидат поставени плочки и на места каде вопшто ги немаше ни при самата изградба на домот, а домот ќе добие сосема нов лик, што сите љубители на културата од нашиот град од срце го посакуваа – рече Милена Стојческа, директорка на домот .
Инаку пред шест години целосно беше променет ентериерот во големата сала, беа поставени нови столици, нови завеси, а сцената доби сосема нов непрепознатлив изглед.