Во Новаци во завршна фаза се градежните активности за асфалтирање на локалните улици.
Со асфалтирање опфатена е улица во должина од 505 метри со два краци и ширна од 4 метри, а за нејзината реконструкција од буџетот на општина Новаци се издвоени 3.052.314 денари.
Согласно проектот комплетната реконструкција опфаќа одводнување, бетонска каналета и сливници поврзани со бетонскиот канал за атмосферска канализација и асфалтирање на коловозот.
– Ова е уште еден од низата значајни инфраструктурни проекти кои оваа година се реализираат во општина Новаци. Оваа улица години наназад беше во многу лоша состојба со попречни и подолжи пукнатини, дупки и оштетувања и претставуваше навистина голем проблем за жителите од оваа улица. И покрај сите здравствени и економски последици предизвикани од ковид-19, продолжуваме со капиталните инвестиции и на тој начин придонесуваме движење на економијата во услови на криза.Дадениот збор пред граѓаните е веќе реалност. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните.Продолжуваме да градиме по план и да обезбедуваме квалитетна инфраструктура за нормално одвивање на сообраќајот и подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани – истакнува градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.
М.М.