Водата за пиење од десетина чешми во прилепско е неисправна за пиење. Не се пие водата од крајпатната чешма на село Штавица, селото Плетвар, кај ресторанот „Че“, од јавните чешми во Леништа, Ореовец, Прилепец, Волково, населено место Чумово, Мало Рувци и Беловодица што се наоѓаат среде селата. Според Центарот за јавно здравје водата не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути. 

Овие се препораките на медицинските стручњаци од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места, каде што нема водоводи, a коишто се во ингеренции на ЈКП „Водовод и канализација“.

Ка.М