Водата од локалниот водовод во делчевското село Град не е исправна за пиење. За таа цел денеска од Јавната здравствена установа Јавно здравје Кочани апелираат до жителите водата да се преврива, а за пиење да се користи исклучиво флаширана вода.
 
– Водата од локалниот селски водовод не одговара на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа поради зголемен број колиформни бактерии и присуство на ентерогени бактерии „Псеудомонас аерогиноза“, а одговара на физичко-хемиската анализа.
Апелираме до жителите од село Град да вршат редовна и соодветна дезинфекција на водата, за да може да се користи како вода за пиење, односно водата да се превира, а за пиење да се користи флаширана вода – информираа од  ЈЗУ Јавно здравје Кочани.  
 
Како што информираат од ЈЗУ ПЕ-Делчево во соработка со ЈПКД „Брегалница“ веќе се преземаат соодветни мерки водата да биде доведена во исправна состојба за пиење.