Не е безбедна водата за пиење во с.Подмол информираат од Општина Прилеп. Имено водата од мерното место с.Подмол – двор, иако одговара на испитаните параметри, сепак не е безбедна од дополнително загадување заради отсуство на резидуален хлор.

Небезбедна за пиење е и водата од локалниот водовод во с.Алинци, бидејќи не е технички исправна . До обезбедување на здравствено исправна вода, водата за пиење од локалниот водовод во с.Алинци треба да се преврива – велат од Општина Прилеп.

Ка.М.