Водостојот на Треска кај Македонски Брод е за осум пати понизок од просечниот за јануари, а на Сатеска кај Ботун за повеќе од двојно, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Пониски од повеќегодишниот просек за овој месец се и водостоите на сите останати реки во Македонија.
За разлика од реките, кај природните езера водостојот е повисок од просечниот со исклучок на Охридското Езеро, каде нивото е за 14 сантиметри пониско од вообичаеното.