Без заштитен шлем се возат мопеди и моторцикли низ Тетово и Гостивар, велат од СВР
Тетово по најновата акциска контрола на сообраќајот со цел да се утврди дали се
почитуваат правилата и прописите при упрвување со вакви возила. Акцијата се спровела во доцните подопладневни и вечерни часови во саботата од 18 часот до полноќ, како период во кој голем е бројот пред се на млади кои управуваат вакви моторцикли.
– При акциската контрола беа откриени вкупно 39 прекршоци и тоа 27 во Тетово и 12 во Гостивар, каде што најброен е прекршкот за неносење на заштитен шлем (кацига) и тоа 24 констатирани прекршоци од кои 17 во Тетово и 7 Гостивар. Истотака беа откриени и 8 возачи без возачка дозвола, (6 во Тетово и две во Гостивар), 4 мотоцикли без регистрација како и 3 возила со изминат рок на осигурителна полица во Тетово, соопшти канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
За констатираните прекршоци биле превземени соодветни мерки. Поднесени се 32 прекршочни платни налози (20 во Тетово и 12 во Гостивар. Седум описмено опоменати возачи во Тетово, едно привремено одземена возачка дозвола во Тетово, како и осум исклучени мотоцикли од сообраќај (6 во Тетово и 2 во Гостивар).
Акциската контрола ја спровеле полициските службеници од Секторот за внатрежни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, и Полициска станица Гостивар. А.С.