Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и претседателката на Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ” Евгенија Николовска, денеска во општината Битола потпишаа заеднички меморандум за соработка.
Меморандумот има за цел да обезбеди меѓусебна соработка помеѓу Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ” и општина Битола, со цел уште повеќе да се делува во насока на афирмација на областите од заемен интерес, реализација на заеднички активности и други форми на соработка.
Во рамките на денешната средба беа договорени натамошните чекори за реализација на проектот „Младите – Креатори на нашата иднина“, со кој ќе бидат опфатени ученици од општина Битола и деца од ранливите категории.
Проектот е наменет за развојот и напредокот на културата и зголемување на креативноста и интересот кон музиката, глумата, сликањето и творењето кај децата уште од рана возраст, беше речено на денешното потпишување на меморандумот.
М.М.