Фото: Зоран Антоски

При денешната крводарителска акција што ја организира ОО на Црвениот крст од Кичево, прва во просториите на центарот годинава, беа собрани 18 единици на крв. Редовна практика е во текот на летните месеци да се организира по една ваква крводарителска акција.

– Како и претходните години, така и годинава ОО на Црвениот крст Кичево, заедно со Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, организиравме крводарителска акција, при која беа собрани 18 единици на крв. Одзивот секако ќе беше и поголем, но поради годишните одмори, бројката е нешто помала. Традиционално, нашата општинска организација секое лето организира ваква акција, кога залихите на крв во болниците се намалуваат и секоја крвна единица што ќе ја собереме е повеќе од добредојдена – рече Ивана Лазеска од ОО на Црвениот крст Кичево.

З.А.