Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети вработените во територијалната противпожарна единица кои го запознаа со кататсрофаната состојба во која се наоѓа битолската противпожарна единица.
Пожарникарите, посебно ги акцентираа условите во кои работат и руинираноста на објектот, а како дополнителна тешкотија во функционирањето, го наведоа и застарениот возен парк.
На средбата, градоначалникот Коњановски ги информираше пожарникарите дека токму поради ваквите сознанија, еден од главните приоритети во неговата програма е противпожарната заштита и создавање адекватни можности за квалитетно извршување на работата, а со тоа и зголемување на грижата за безбедноста на граѓаните и нивните добра.
М.М.