Состојбата со амбиенталниот воздух во Кичево не се подобрува.Ниту 800 инвертер- клими што им беа доделени на граѓаните не ја подобрија состојбата и деновиве градот под Илиница руши рекорди, а за високите бројки дополнително придонесува и времето без ветер и со магла.Токму лошиот квалитет на воздухот придонесува да се зголеми и бројот на заболени на дишните патишта и други болести поврзани со овој проблем.
– И пред почетокот на зимата беше јасно дека високото аерозагадување ќе биде присутно и годинава. Најголем сојузник на лошиот амбиентален воздух е затоплувањето на домовите со цврсти горива и со отпадни дрва од мебел и други предмети. Дека навистина затоплувањето на домовите е главен проблем, најсликовите потврдуваат бројките. Така вчера во 15 часот вредностите на ПМ 10 честичките беа ниски и изнесуваа 79 микрограми на метар кубен, за во 22 часот да бидат измерени дури 395 микрограми на метар кубен што е за осум пати повеќе од дозволената граница и така секој ден овие амлитуди на аерозагадување се слични – вели Коста Наумоски, екологист.
З.А.