Кавадарци ја откажа денешната манифестација по повод Свети Трифун поради тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 14 лица.
– Ова е голема трагедија за нашата земја. Во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа. Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Кавадарци и граѓаните изразув а а т длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените, велат од локалната самоуправа.
Културно-уметничките програми ги откажаа и Неготино и Демир Капија.