Театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци на 58-то издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани триумфираше со двете претстави „Не се клади на енглези“ и детската претстава „Авантурата на принцезата Лили“ и се заките со четири големи награди.

Тричленото жири на фестивалот во состав: Адем Карага, Перо Даниловски и Александар Димитров за годинашново издание на фестивалот констатира дека го одбележа одговорниот однос, ентузијазмот и љубовта кон театарот на сите учесници на фестивалот.

Кавадаречкиот театар на фестивалот учествуваше со две претстави од кои претставата „Не се клади на енглези“ во режија на Диме Коцевски се заките со највисокот признание, ГРАН ПРИ наградата „Васил Ќортошев“. Од истата претстава актерот Видан Станоев ја освои наградата за најдобра машка улога а режисерот Диме Коцевски ја освои наградата за најдобра режија.

Наградата за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци ја освои претставата „Авантурата на принцезата Лили“ од Мира Станишев во режија на Микица Илова.

Ми.М.