Со свечена литија во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ беше пречекана иконата на Пресвета Богородица „Почаевска“, копиja на чудотворната икона од Почаевскиот манастир во Украина. На пречекот беа присутни голем број на верници од повеќе градови од земјава, свештеници и монашкото сестринство. Оваа икона трајно ќе остане во Кичевскиот манастир.

-На празникот „Преображение“ во манастирот „Света Бoгородица Пречиста-Кичевска“, со свечена литија беше пречекана иконата на Пресвета Богородица „Почаевска“, која е всушност зографирана копија на оригиналната стара чудотворна икона која се наоѓа во Почаевскиот манастир во Украина. Нејзината големина и богато украсена рамка се идентични на оригиналната икона. Инаку оваа икона во манастирот„ Света Пречиста Кичевска“ е подарок на поголем број верници претежно од главниот град. Иконата ќе остане во манастирската црква и е поставена во горниот дел од иконостасот и по потреба може да се спушти и подолу – истакна отец, Александар Крстаноски.

И оваа копија на чудотворната икона ќе биде уште една причина плус да се посети преубавиот манастир важен духовен центар низ вековите за верниците од Македонија.

З.А.