Крива Паланка
Во општината Крива Паланка заврши изградбата на потпорниот ѕид на улицата 11 Октомври. Локалните власти сметаат дека со реализацијата на овој градежен потфат е решен уште еден долгогодишен проблем со свлечиштето на локацијата Кадиска Чешма. Градбата е со должина од околу 40 метри, составена од осум кампади, со просечна висина од 3,5 метри.
– Со изградбата на потпорниот ѕид се овозможија проширување на коловозот на улицата и обезбедување сигурен пристап на жителите од населба Чука. Градежните активности сега продолжуваат на улицата Баглачка – информираат од Општина Крива Паланка.