Еден од најпознатите и најомилени ликови за граѓаните на Кичево, секако беше единствениот оџачар во градот, Алија Етемоски, кој долги години се грижеше за топлите домови на граѓаните.
Со ведар дух и секогаш расположен за разговор, тој својата работа ја извршуваше крајно одговорно и без грешка. Сите граѓани на Кичево ќе му бидат благодарни на овој човек, кој несебично си ја вршеше својата работа, независно дали е зима или лето, дали врне дожд или снег.
Заминувањето на Алија од овој свет е ненадоместлив губиток за сите, бидејќи тој беше и единствениот оџачар во градот, кој ја вршеше оваа работа со децении во градот под Илиница.