Проектот „Смарт кул туризам” денеска беше потпишан меѓу општините Битола и општина Пустец, Албанија.
Со потпишувањето на договорите беше означен почетокот на имплементацијата на проектот за прекугранична соработка меѓу двете општини.
Со овој проект, кој е кофинансиран од Европската унија, ќе се поттикнува туризмот во Битола, а ќе се заштитува и промовира културното и природното наследство на регионот.


Со средствата од овој проект, ќе се реконструира пристапниот пат до Хераклеја т.н. Римски пат, ќе се инсталира соларен систем за осветлување, ќе се изгради пешачка патека, а ќе се постави лифт за лицата со посебни потреби. Ќе се реконструира и терасата и театарската сцена, а тој простор соодветно и хортикултурно ќе се уреди.
Со проектот, во Албанија ќе се реконструира старото училиште во с. Глобочани, општина Пустец и ќе се отвори Меморијален музеј „Стерјо – Спасе”.
Носител на проектот е општина Битола, а партнери во неговата реализација Заводот и Музеј Битола, МКЦ, а од Албанија општина Пустец и регионалниот директор за култура од Корча.
M.M.