Почина 65 годиншна пензионерка од Штип од тропската болест лишманиоза, потврдуваат од Центарот за јавно здравје-Штип.
Епидемиологот, Александра Србиновска вели дека состојбата со оваа болест е загрижувачка и тоа во 21 век. Во изминатите три месеци, посочува, дијагностицирани се и три нови случаи на лишманиоза, кај две деца и еден возрасен маж.
-Ова заболување не се лечи со антибиотици, значи еден случај треба да не алармира. Ние сега имаме заболен човек, кој што е 49 години и две деца, едното е шест, а второто една година. Ова заболување ако не се забележи навреме и не се лекува може да биде смртоносно и ги напаѓа сите органи. Имаме и еден смртен случај – вели Србиновска.
Таа додава дека резервоар на оваа болест се кучињата, а мушичките се тие кои од кучињата ја пренесуваат на луѓето.
Србиновска нагласува дека инкубацијата е над шест месеци, во завинсот од имунитетот на заболеното лице, а сипмтомите се малксаност, болка, анемичност, зголемувaње на јетрата и слезинката.