Оваа година бербата на боровинките во Националниот парк Пелистер ќе почне в недела, на 10 август.
Од НП Пелистер велат дека годинава бербата на боровинките доцни затоа што сѐ уште не била достигната нивната биолошка зрелост.
Секој собирач на боровинки мора да има легитимација и маркица која ја издаваат од Националниот парк Пелистер, а оние кои не ги почитуваат законските прописи може да се соочат со казна.
Инаку од НП Пелистер апелираат берачите на боровинки да се грижат за хигиената на Пелистер. Оттаму упатуваат апел до берачите на боровинки од околината на Ниже Поле да не кампуваат кај месноста наречена Црвена река, Лак поток и Сапунчица каде се напојува Битола со вода за пиење, за да не дојде до загадување на водните текови.
М.М.