Денес во ОВР Кичево и полициските одделенија во Зајас и Осломеј престојуваше, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска. Таа на крајот од оваа посета имаше подолга средба со првите луѓе на ОВР Кичево каде се запозна со безбедносната состојба во општина.
– Денес на пат за Кичево ги посетив полициските оделенија во Зајас и Осломеј и сега сум на средба на началникот на ОВР Кичево и начаникот и заменик на началникот на Секторот за Внатрешни работи во Охрид. Целта на мојата денешна посета која продолжува во Струга и Дебар е, да се запознаам со предизвиците со кои се соочуваат овие оделенија во пресрет на претстојните предвремени Парламентарни избори, како и со она што се однесува на нивното редовно работење и справување на предизвиците од интерес на граѓаните. Генерално запознаена сум со безбедносната состојба на овие одделенија и ОВР Кичево, постои стабилност и не се забележани никакви нарушувања на јавниот ред и мир. Полицијата е доволно екипирана да се справи со предизвиците кои и стојат на претстојните избори – вели Петровска.