Комапнијата за приредување на игри на среќа, „Моцарт“, во рамките на кампањата „Да бидеме општествено одговорни“ денеска донираше ЕКГ апарати наменети за потребите на ковид-центарот на Клиничката болница во Битола.

– Голема благодарност до компанијата „Моцарт“ за нивната донација. Ова не е прв пат да излегува во пресрет на потребите на Клиничката болница Битола, и тоа по нивна иницијатива, и како општествено одговорна компанија да покажат интерес за помагање на здравството. Овој пат ни донираа ЕКГ апарати за потребите во ковид-центарот кои што ни се од голема потреба и значење, бидејќи веќе постоечките дотраени апарати ќе ги обновиме со овие нови донирани ЕКГ апарати – изјави директорката на Клиничката болница, д-р Билјана Гагачовска.

Инаку да потсетиме ова е трета донација на компанијата „Моцарт“ за Клиничката болница во изминатиов период.

– Од почетокот на пандемијата како компанија се обидуваме да обезбедиме максимална поддршка и помош на здравствените установи во државата. Битолската клиничката болница има огромно регионално значење и токму затоа трет пат реализираме донација овде. Овој пат, во консултации со претставниците на болницата, донираме ЕКГ апарати, кои според нив претставуваат потреба за уште
подобро функционирање на ковид-центарот – изјави Сашко Димов, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Моцарт.

М.М.