Донација од 50 таблети од ПИ Витаминка и Преспав, преку Министерството за образование беше распределена денеска за семејства во неповолна социјална положба, односно ќе биде наменета за ученици кои учат во ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп.

Министерката за образование Мила Царовска истакна дека образованието процес во Прилеп се одвива солидно и тече нормално. А, во Гимназијата „Мирче Ацев“ се вложени 14 милиони денари за препокривање.

– Утврдивме дека онлајн наставата се одвива непречено и квалитетно. Процентот на успешно следење онлајн настава во земјата е до 90,2 проценти. Успешно е што за еден месец онлај настава имаме толку голем процент. Останатите 9 проценти настава следат преку МТВ, во комуникација со наставниците. Сме задоволни од комбинираниот модел на настава – изјави министерката Царовска.

Здравствената криза создаде нови услови во кои недостатокот од финансии, опрема и средства е сѐ почест и во поголеми размери, а граѓаните посебно социјално загрозените семејства се соочуваат со најмногу проблеми, затоа е потребно бизнис секторот да помогне во секој аспект, велат од Витаминка за инцијативата.

Градоначалникот Илија Јованоски посочи дека досега во основните училишта во општината заради корона вирусот во изолација се десет наставници, од кои пет од рурално училиште. Две деца се позитивни, а околу 20 во изолација. Општината, вели градоначалникот Јованоски, има одделено 17 милиони денари за обезбедување таблети за што постапката е во тек. 

Од прилепската фирма велат дека уште 50 таблети се обезбедени за социјално ранливи семејства во Битола.

Ка.М.