АД ЕСМ, комбинатот РЕК „Битола“ и Синдиаклните организации на најголемиот електроенергетски капацитет во државата, денеска на Регионалниот вакцинален пункт во Битола му донираа специјална машина за чистење и дезинфекција на подните површини.
Донацијата на раководителката на вакциналниот пункт Весна Спирковска ѝ ја предаде првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Тој притоа нагласи дека ова не е прва донација на АД ЕСМ, РЕК „Битола“ и Синдиаклните организации.
Тие, како општествено одговорна компанија и пред тоа донираа за вакциналниот пункт преку 13.000 шишиња со вода за пиење, а со донациите ќе продолжат и во наредниот период.
Заблагодарувајќи се за донацијата директорката на Здравствениот дом во Битола и раководителка на Регионалниот вакцинален пункт Весна Спирковска изјави дека вакцинацијата во Регионалниот центар во Битола се одвива мошне добро и дека овој регион по бројот на примените вакцини се ближи до колективниот имунитет.
М.М.