Во текот на изминатата ноќ, во периодот од 20 до 2 часот по полноќ, на подрачјето на ОВР Кичево беше реализирана акциска контрола кон возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.
Притоа полициските службеници извршеле контрола на 85 патнички моторни возила и при извршеното акотестирање кај двајца возачи е констатирано дека управувале возило под дејство на алкохол.
Овие лица се исклучени од сообраќај, времено им се одземени сообраќајните документи и соодветно се санкционирани.
Слична акциска контрола беше извршена и претходната седмица со идентични резултати. З.А.
Гостин во кичевски локал се однесувал агресивно и кршел инвентар
С.Б. од село Вранештица, завчера во 18.30 часот го нарушил јавниот ред во локал на улица „Тане Цалески“ во Кичево. Поради агресивното однесување кон вработените и гостите и кршење на инвентарот, тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. З.А.