По два негативни теста, градоначалнилката на Битола, Наташа Петровска по неколкудневното лекување, денеска го напушти Инфективото одделение на Клиничката болница и замина на домашно опоравување.
По излегувањето од болница, градоначалниката Петровска јавно му се заблагодари на медицинскиот персонал на Инфективното оддеение, кој и покрај тоа што е на границите на издржливост, сепак вложувал максимални напори за лекување на болните од ковид-19.
Градоначалничката на Битола откако на тестот се покажа дека е позитивна отиде во самоизолација, а неколку дена подоцна таа беше хоспитализирана во Клиничката болница во Битола.
М.М.