Битолската градоначалничка Наташа Петровска денеска рано изутрина на покана на Амбасадата на САД во Скопје, замина во посета на САД, каде ќе престојува до 19 јули.
Петровска во САД ќе биде гостин на американскиот Стејт департмент.
Според информациите од локалната самоуправа на Битола, целта на студиската посета е црпење искуства за развојот на општините на повеќе полиња, вмрежување меѓу градови и соработката на локалната со централната власта.
Сите трошоци за престојот на градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, е обезбеден од страна на Стејт департментот. М.М.