Во еднодневна посета на oпштина Демир Хисар, денес престојуваше заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава Ото Граф. Тој најпрво оствари средба со градоначалникот Марјан Стојаноски. При нивниот подолг разговор главен акцент беше ставен на можностите за инвестирање на Германија во оваа општина.
Во текот на денот Граф ги посети детската градинка „Втори Септември“, психијатриската болница и комуналното претпријатие. Заменик амбасадорот во придружба на градоначалникот ги посетија манастирот Св. Јован Претеча во Слепче и во село Слоештица.
Градоначалникот Стојаноски истакна, дека помошта од Германија е добредојдена за нивната општина. Така преку Фондот за мали проекти, набавено е специјално возило за чистење на септички јами, со кое стопанисува комуналното претпријатие.