ОХРИД

Во согласност со препораките и мерките за заштита и превенција од ковид-19, екипи на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ почнаа со вонредна дезинфекција на охридските училишта, како и на објектите од детската градинка „Јасна Ристеска“.
– Извршена е дезинфекција на сите училници, ходници, канцеларии и помошни простории во овие установи – информираат оттаму.
Овие активности се дел од оперативниот план на локалната самоуправа, а се прават поради зголемениот број заболени лица на територијата на општината Охрид.