Центарот за јавно здравје во Битола за понеделник најави вонредна превентивна дезинсекција за уништвање на комарците.
Ваквата вонредна дезинсекција се прави поради неповолните временски и климатски услови кои придонесуваат за значителен пораст на комарците во Општина Битола.
Центарот за јавно здравје од Битола ќе преземе вонредни мерки со кои би се превенирале последиците од зголемениот број на вектори.
Запрашувањето, ќе се врши во периодот од 20 часот до полноќ, или во зависност од временските услови, во раните утрински часови во термин од 4 часот до 7 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини и делови со густа вегетација во потесното градско подрачје во Битола, Градскиот парк, месноста Тумбе кафе и потегот над Касарната, велат од Центарот за јавно здравје Битола. М.М.