Шеесет и двегодишен жител на беровското село Русиново пријавил дека во атарот на Берово, на местото наречено Суви Лаки, во својата нива пронашол неексплодирана стара граната во калибар 75 мм од непозната марка.
Бил извршен увид, а од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.