Во организација на фирмата „Божиновски“, група ентузијасти, вљубеници во природата и познавачи на планинарските патеки на Баба планина и Пелистер, се одржа „Аутдор фестивал (Outdoor Festival).

Во текот на целиот фестивал се случија две планинарски трки „Биг лејк трејл 18K“ и „Молика трејл 45K“, еколошка работилница „Тинк грин“, качување на карпа, кампирање со шатори, рекреативно возење на велосипедска патека долга 30K и „Екстрим бајк џамп 2021“ кој беше со натпреварувачки карактер.

„Своч“ беше дел од последниот настан „Екстрим бајк џамп 2021“ на кој што се натпреваруваа 20 учесници. На најдобрите три скокачи Божиновски часовници и
накит им доделија часовници „Своч“, а на самиот настан беа промовирани „Своч биг болд биосерамик“ – новите еколошки часовници на „Своч“ изработени од биоразградива керамика кои што се од една страна изработени од природен материјал, а од друга страна поеластични за 300 пати од пластиката со што стануваат доста привлечни за сите ентузијасти кои практикуваат екстремни спортови. М.М.