Вчера почна изградбата на колекторскиот систем во опфат од излезот на населбата Буковски ливади до селото Буково, во должина од околу 1500 метри, по што ќе следува санација на коловозот до ова населено место.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, директорот на КЈП „Нискоградба“ и задолжените екипи за изведба на терен, ја посетија локацијата од каде стартува проектот и ги запознаа присутните и локалното население со начинот и динамиката на работа.
– Вкупната инвестиција во овој дел ќе биде над 13.000.000 денари, исклучиво средства од Општина Битола. со што ќе озовможиме подобри услови и услуги кон граѓаните од овој дел, бидејќи станува збор за село кое што е живо, со голема традиција и во близина на градот. Со овие активности ќе овозможиме и заштита на животната средина, а воедно и подобрени услови за развој на руралниот туризам, кој што и тоа како претставува атракција во денешницата, кога зборуваме за туризмот. Со овој проект продолжуваат градежните активности кои што досега ги изведуваше Општина Битола и со кои покажавме дека општината се грижи за сите месности и населби – рече Петровска.
КЈП „Нискоградба“ склучи договор со Општина Битола во вредност од околу 8.000.000 денари за изведба на фекалната канализација и колекторскиот систем.
-Со изведбата ќе бидат прифатени сите фекални води од селото, а во иднина се
предвидува, повторно во соработка со Општина Битола, да се изведи изградба на секундарна канализација за која проектот е изготвен – посочи директорот на КЈП
„Нискоградба“, Методи Сиљановски.