Битолските адвокати денеска го одбележаа својот ден, 16 јуни.
По тој повод тие пред бистите на македонските народни херои Коле Канински и Јосиф Христовски-Ѕвончаро, кои се поставени пред зградата на Апелациониот суд, положија букети цвеќиња.
Денешниот ден е прогласен за ден не само на битолската, туку и македонската адвокатута.

Актот за основање е донесен на 16 јуни 1945 година од страна на Министерскиот совет при АСНОМ, и тој ден се смета за Ден на македонската адвокатура.
– Продолжуваме со востановената традиција, поклонувајќи се пред бистите на првоборците, пред нивната жртва, кои го дадоа својот живот за нашата слобода, а нивните идеали да ги реализираме во слободна држава каде ќе се применува законот.
Покрај на Коле Канински и Јосиф Јосифовски- Ѕвончаро во оваа прилика ние адвокатите од Битола оддаваме почит и кон сите адвокати кои вршеле адвокатска дејност како и на доајените на битолската и македонската адвокатура – рече адвокатот Никола Главинче.
Бистите на народните херои Коле Канински и Јосиф Јосифовски – Ѕвончаро, кои беа адвокатски приправници, се донација на адвокатската комора во Битола, а се поставени во 1981 година.
М.М.