Снегот кој утринава почна да паѓа во Битола, за само половина час буквално го блокираше градот. Обилните снежни врнежи направија вистински хаос во сообраќајот.

Комуналните претпријатија беа затечени од ваквото нагло врнење на снег и не беа во ситуација да реагираат. Посебно снегот го отежна движењето на автобусите на повисоките места и населби.

М.М.