Денеска почна асфалтирањето на коловозот на улицата „Ѓорѓи Беќаров“ во Битола, откако претходно беше отстранет стариот асфалт и беа поставени нови ивичници.
Градоначалничката на Битола Наташа Петровска и проектниот тим извршија увид во теренските активности, при што беа запознати со динамиката на работа, а според предвидениот проект, оваа улица ќе биде асфалтирана со два слоја асфалт.
Инаку, реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Беќаров“ е во вредност од над 7.200.000 денари. Таа е дел од Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола, на иницијатива на градоначалничката Наташа Петровска.
М.М.