Акетрот на Народниот театар во Битола, Петар Мирчевски – Пепи, е годинашен добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело. Тој ја доби ова анаграда во конкуренција на четворица кандидати.
Управниот одбор на наградата „4 Ноември“, при Советот на општина Битола, денеска донесе одлука наградата за животно дело да му ја додели на Мирчевски, актер во Народниот театар.
– За едногодишни награди никој од пријавените не го доби потребното мнозинство гласови од Комисијата, така што оваа година нема да бидат доделени награди за
едногодишни постигнувања – изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.
Ова е своевиден преседан, каков што се нема случено откако се доделува наградата „4 Ноември“. М.М.