И досега се знаеше дека Кичево е еден од најзагадените градови во земјава, а тоа го потврдија и денешните мерења на станицата за амбиентален воздух, која од вчера е повторно оперативна. Последните бројки се поразителни бидејќи денешните мерења потврдуваат дека бројот на ПМ10 честички на метар кубен изнесува 301 микрограм, што е далеку над дозволените 50 микрограми. Така, ако до вчера граѓаните не беа сигурни каков воздух дишат, од денес имаат и официјална потврда за неговиот квалитет.
Енормното загадување е дополнителна причина бројот на болни лица во амбулантите да биде доста висок и тоа поради вирози, кашлање, тешко дишење и печење на грлото, што ни беше потврдено и од примарното здраство.
З.А.