Пречистителната станица за отпадни и фекални води што се гради во село Пласница е комплетно завршена, а финансирана е од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање со околу 90.000 евра.

Пречистителната станица е во непосредна близина на коритото на река Треска и истата ќе овозможи во реката наместо фекалии да истекува вода со висока чистота.

– Пречистителната станица за отпадни и фекални води која ја запонавме кон крајот на минатата година е целосно завршена. Средставата за овој објект во износ од 90.000 евра ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање. Со изградбата на оваа пречиститена станица ќе ја зачуваме животната средина и река Треска. Оваа пречистителна станица е проектирана за 1500 жители на село Пласница и наскоро треба да се изгради уште една ваква пречистителна станица за целосно да бидат прифатени фекалните отпадни води од ова село – истакна градоначалникот Алија Јаоски.

Тој посочи дека од селото до пречистителната станица ќе се изгради нова канализациска мрежа, која фекалните отпадни води од селото ќе ги пренасочува во пречистителната станица крај река Треска.

З.А.