БИТОЛА
Од 10 јуни 2025 година започна да се спроведува забраната за моторен сообраќај на спојот на улиците Димитар Илиевски-Мурато и Широк сокак, во периодот од 19 часот до полноќ. Оваа мерка ќе важи до 10 септември 2025 година и ќе биде спроведувана преку поставување физички пречки.
Одлуката е донесена со цел да се обезбеди безбеден пешачки сообраќај во централното градско подрачје на Битола, овозможувајќи побезбедно и поудобно движење за пешаците во вечерните часови.
Граѓаните се замолуваат да ја почитуваат забраната и да користат алтернативни патни правци во овој временски период. В.Р.