Од ЈП „Национални шуми“ известуваат дека делумната забрана за движење во шума стапува во сила денес во терминот од 6 до 20 часот и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари односно до нејзино отповикување.
– Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение од подружниците на ЈП„ Национални шуми“-Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат. За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати и се движат во шума и шумско земјиште согласно член 6 од Законот за шуми ќе им биде изречена парична казна од 1500-2000 евра денарска противредност – истакна Сузана Тасеска од РЦУК ПО Кичево. З.А.