Под мотото „Не биди трупец, засади дрво” денеска во населеното место Лениште, активисти на невладината организација „Сина Револуција”, засадија 100 садници јасен, со цел заштита на животната средина.
Акцијата за пошумување „Сина Ревокуција” се реализираше по повод 14 ноември – Светскиот ден на лицата со дијабетес.

-Заедно можеме да создадеме симбол на солидарност, здравје и грижа за природата. Секое засадено дрво е инвестиција во иднината. Секој од нас може да биде дел од промената – велат од „Сина Револуција“.
Акцијата за пошумување „Сина Револуција” ја реализираше по трет пат.
Ка.М.



































