Во касарната „Мирче Ацев” и во гимназијата „Мирче Ацев” денеска со полагање цвеќиња на спомен-обележјата и со пригодна свеченост, беа одбележани 79 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев.
На свеченостите беа присутни градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Советот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, и претставници од Здружението на поддржувачи на Сојузот на борци.
Во касарната „Мирче Ацев” пред присутните говореше потполковник Славчо Кузманоски истакнувајќи го ликот и делото на патронот.

Ка.М.